Откако полициски службеници во понеделникот при личен преглед на едно лице утврди неовластено поседување оружје, скопското Обвинителство денеска до Основен суд Скопје, достави предлог за одредување на мерка притвор.

Во соопштениево на Основното јавно обвинителство Скопје, се образложуваа дека барањето за притвор е аргументирано со опасноста од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори кривичното дело.

– Истрагата е отворена бидејќи полициски службеници, при личен преглед на осомничениот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава М70“ со калибар од 7,65 мм. Освен тоа, осомничениот кај себе имал и една рамка со осум куршуми муниција за пиштолот”, се вели во соопштениево на скопското Обвинителство.


Администратор
22/01/2020 16:08