Професорот на на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и надворешен член на МАНУ Горазд Росоклија, на својот фејсбук профил објави видео на кое виртуозот Симон Трпчески, во присуство на уште неколку други, на пијано изведува дел од песната „За многу години Македонци“.

Видеото доаѓа откако на социјалните мрежи дел од членовите на шарената револуција и владини функционери упатија критики по говорот на Трпчевски кој го имаше при неговиот настап во Штип, каде што во пет минути ја раскажа лошата и катастрофална ситуација во која се наоѓаат македонските културни институции.


Администратор
19/01/2020 01:07