Македонскиот ракометен суперлигаш Пролет со звучно име меѓу стативите во продолжение на сезоната во домашното првенство. Скопскиот клуб потпиша договор со поранешниот репрезентативен голман, Петар Ангелов-Диви за наредните 18 месеци.

Ангелов прави кам-бек во македонската клупска ракометна сцена од Ратинген, а освен во германскиот тим играше и за Кремс во Австрија, за трембле во Франција и за Анталија во Турција.

Пролет е петта македонска екипа за која ќе брани искусниот Ангелов по Вардар, Металург, Пелистер и Тиквеш.


Администратор
17/01/2020 20:44