Тезата дека зад „рекет“ стои некаква контрола и план скроен во Будимпешта, односно дека имало некакви средби меѓу Боки 13 и поранешниот премиер Никола Груевски, практично значи дека владата на СДСМ ја контролира токму Груевски, коментира новинарот Бранко Георски во синоќешното издание на емисијата „Што не е јасно?“.
-Тезата е дека средбите се организација на српската тајна служба. Интересна теза, иако излегува дека владата на СДСМ ја контролира Груевски. Ако тоа било така, на некој начин, во уредувачката политика на 1 ТВ, секако ќе моравме да препознаеме дел од „груевизмот“, дел од шемата , што во крајна линија е обвинување и за сите наши колеги дека на некој начин работеле за Груевски незнаејќи или знаејќи...Сетоа ова укажува на нешто што мене не ми се допаѓа додека трае судењето, а тоа е обид за задоцнето менаџирање на политичките последици на аферата „рекет“, вели Героски.