Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа победа против Кливленд кавалирс со 29 разлика. Мечот помина во знак на Леброн Џејмс кој го пропушти претходниот дуел поради настинка. Првата ѕвезда на Лејкерс во триумфот над Кливленд учествуваше со 31 поен, осум асистенции и два скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник: Детроит – Њу Орлеанс 110:117 (по продолжение) Индијана – Филаделфија 101:95 Бостон – Чикаго 113:101 Минесота – оклахома Сити 104:117 Портланд – Шарлот 115:112 Сакраменто – Орландо 112:114 ЛА лејкерс – Кливленд 128:99.

По 40 одиграни натпревари Лејкерс се најуспешен тим во Западната конференција со 33 победи и седум порази.

На Исток води Милвоки бакс со биланс 35 победи и шест порази.


Администратор
14/01/2020 11:36