Договорот не ми го продолжија, а на распишаниот конкурс не ми дадоа да се пријавам оти веќе бил пополнет, раскажува сега веќе поранешната, докторка на Итната медицинска помош во Виница, Дивна Давткова. Останала без работа после 7 месеци оти не и го продолжиле договорот а не и ни дозволиле да конкурира на распишаниот оглас. Мисли дека причината е партиската книшка.
-Најлогично ми е тоа,бидејки во држава во која недостасуваат доктори поради заминување во странство има решение и се чува во фиока за личност што се уште нема почнато со работа, а на доктори кои работата на договор на дело, решение нема. Нека даде објаснување, по кој критериуми беше дадено решението на трета личност, а не на мене, раскажува Давидкова за Алфа.
Докторката смета дека нејзината голгота почнала, откако лице на функција во Виница при преглед во брзата помош, не добил посебен третман. Од тогаш вели Давиткова се сменил и односот на директорот кон неа. Прво и било ветувано и вработување и специјализација, но по тој преглед, работите тргнале во друга насока. Па сега размислува да си замине во странство.
-Ми беше понудена специјализација по Ургентна медицина.Прифатив. но потоа директорот никаде го немаше.Од крајот на август до октомври работите останаа во мирување. Досега не размилував дека ќе одам во странство. Немав никаква намера да одам, сакав тука да градам кариера, вели Давиткова