Светскиот рекет број 7, Александар Зверев ги изрази големите амбиции на Германија за дебито на АТП Купот утре, откривајќи дека тимот ќе има за цел титула под водство на капитенот Борис Бекер.

Германците, во чиј состав влегуваат Јан-Ленард Струф, Матс Мораинг, Кевин Кравиц, Андрес Мис, се во група со домаќините од Австралија, Грција и Канада.

„Имаме добар тим. Во екипата се најдобрите играч во двојки, Јан-Ленард и Матс се одлични играчи во синглови. Затоа сакаме да си дадеме најдобра можна шанса за победа на турнирот, и мислам дека Борис може да игра голема улога во тоа. Тој може да ни помогне многу од клупата со својата енергија. Тој е еден од легендарните спортисти во германската историја, коментира Зверев.

Дваесети две-годишниот Германец минатата сезона освои само една титула, а по нејзиното завршување, тој со Роџер Федерер ја обиколи Јужна Америка, каде одигра четири натпревари во четири различни земји. Сепак, ова му остави само една недела да се подготви за сезоната.

– Мислам дека мојата подготовка мина добро. Беше малку поразлично и пократко, започнав да играм тенис пред една недела, но се чувствувам добро. Се чувствувам во добра форма. Знам дека можам физички да издржам долги мечеви, рече Зверев.


Администратор
03/01/2020 02:02