Етиопија, со помош на Кина, го лансираше во вселената својот прв сателит што ќе се користи за истражување на климатските промени.

Микросателитот со широк спектар, што Етиопија го донираше на Кина, полета од Центарот за лансирање сателити Тајџуан во северната кинеска провинција Шанжи.

Според кинеската Национална вселенска агенција, сателитот, со тежина од околу 65 килограми и со рок на траење од две години, може во далечина да собира податоци значајни за земјоделството, шумарството, управувањето со водите, како и за спречување и ублажување на последиците од катастрофи.

Како дел од програмата, околу 20 етиопски инженери се обучуваат во Кина за операции на копнени станици, пренесува агенцијата Ксинхуа.

Етиописките власти најавуваат дека ќе ги претстават своите искуства за соработка со Кина и на другите африкански земји.

Во 2017 година, Африканската унија ја усвои политиката за развој на вселената за африканските земји, објаснувајќи дека вселенската наука и технологија можат да го унапредат економскиот напредок и управувањето со природните ресурси на континентот.


Администратор
21/12/2019 15:05