Откако градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во коментар на негов пост на фејсбук поврзан со добитникот на нобеловата награда за литература Хандке, напиша дека Македонија ја бојкотирала церемонијата поради тоа што Никола Димитров е идиот, во емисијата „Вин – Вин“ на телевизија Телма, Димитров ја искоментира ситуацијата.
– Симболиката е многу важна и во светската и во европската политика. Имаше многу реакции од цел свет и од политичари како на пример Трамп, од добитник на наградата. Сите имаме одговорност. Таква одговорност сигурно имале и тие кои ме коментираа мене. Тие што сме должни за надворешна политика и меѓународни односи да се бавиме со тоа. Денес прочитав дека почнува кампања за миење раце -рече Димитров.
Димитров алудираше дека Саша Богдановиќ треба да си ја гледа работата за која е задолжен и избран од граѓаните а дипломатијата да им ја остави на оние кои што се бават со неа.