Маркус Рашфорд е двојно поефикасен и генерално подобар од Кристијано Роналдо, во споредба со првите неколку сезони на Португалецот на „Олд Трафорд“.

Против Сити, младиот напаѓач го запиша својот натпревар бр.127 со „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, докажувајќи дека се справува многу подобро од поранешниот број 7 на исто толку дуели.

Рашфорд има помалку минути игра – 8.110 наспроти 8.924, но има постигнато повеќе голови – 37:34. Неговите асистенции се помалку – 18:22, но предноста е огромна. Тој ги постигнал своите голови од 256 удари, додека на Кристијано му беа потребни 471. Ова значи дека процентот на успешност на Маркус е 14,5, додека на Роналдо е само 7,2.

Треба да се потсети дека кога Португалецот беше привлечен во 2003 година, тој дојде со ветувачки иден статус на sвезда, додека Рашфорд беше многу помалку познат пред да експлодира со 2 гола против Митјиланд и Арсенал во 2016 година, кога имаше само 18 години.

Тој во последно време не престанува да бележи и е во одлична форма, но сепак треба многу работа и искуство за да докаже дека може да продолжи по стапките на неговиот славен претходник.


Администратор
12/12/2019 21:25