СВР-Битола со соопштение до јавноста информира дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали.

Во јавното предупредување се нагласува дека високи се казните за ова кривично дело кои се парични, но и казна затвор до три години.

-Предупредуваме дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства граѓаните може да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица, а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во висина од 200 до 500 евра, а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид, заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра, информираат од СВР-Битола и најавуваат зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.


Администратор
12/12/2019 18:03