Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Крушево. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но моменто не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.


Администратор
12/12/2019 16:35