На патот Катланово – Велес, во делот по манастирите, има одрони на патот поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен и се работи на расчистување на патот.

Дотогаш, велат од таму, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента.


Администратор
12/12/2019 13:20