[photo]

Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљановска.

Прекршен е членот 71 од Изборниот законик, кој јасно одредува дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.

Сметката е затворена, а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.

Најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.

Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?


Соопштение за јавност, СДСМ


Администратор
10/12/2019 12:03