Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Попова Шапка с. Гајре – Тетово до 30 метри, кај Плетвар, Битола до 200 метри, Кичево и Ѓавато до 100 метри, информира Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Администратор
09/12/2019 13:36