Одговорајќи на новинарски прашања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои наводно се слуша гласот на Орце Камчев, истакна дека се работи за уште едно бледо сценарио на власта со цел да се „испере“ и да ја оттргне вината од себе во случајот „Рекет“.

- Ова е само уште еден од притисоците и уште еден од начините на власта за да се испере себеси во судскиот процес Рекет и да се затскрие себеси. Во Рекет се работи за човек на кој цела Влада и обвинителката и обвинетата му беа на неговото крунисување, така што се што се презема сега е само во насока на власта да може да изврши притисок врз главниот сведок, а можеби и оштетен за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа афера, одговори Стоилковски.


Администратор
08/12/2019 13:58