Најмалку 43 лица загинаа денеска во пожар во шесткатна фабрика во Њу Делхи, кој избил додека работниците спиеле, соопштија владини претставници.

Според наводите на локалните медиуми, фабриката произведувала чанти и голем дел суров материјал се наоѓал во магицините во објектот, каде пожарот брзо се проширил.

Спасени се повеќе од 50 луѓе, а повредените се пренесени во четири болници, соопшти противпожарната служба во индискиот град, додавајќи дека речиси 30 пожарникарни возила се испратени на местото на несреќата.

Засега не е позната причината за пожарот.


Администратор
08/12/2019 08:50