Ученците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец" одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски.

Во еден час пред публиката беа изведени вкупно 21 композиции од дваесетина ученици од основниот и од средниот оддел на училиштето.

-Комисијата имаше неблагодарна работа да одбере кој да настапи на годинешнито патронат. Убаво е чувството, се множат годините, ни оди во пресрет 70-годишнината. Се надевам дека следната година предизвик за поголелма и помасовна организација и ќе ги видиме на концертно достигнување на наученото кај ученциите и нивните наставници досега во текот на годината, изјави директорот Љупчо Перински.

На денот посветен на Свети Климент Охридски пуштена во употреба новоизградената концертна сала.

-Секоја година поголем е интересот за запишување музичкото училиште и со тоа се одржува големата традиција.Освен патронатот, имаме и новогодишен концерт како и задолжителниот концерт за сите ученици по класи, рече Перински.

Во текот на годината училиштето го бележи еден од најголемите успеси на 10 годишниот Ерденај Сали кој освои специјална награда на седмиот меѓународен натпревар за млади музичари „Охрид те сакам". Меѓу триесетина учесници, доби по 100 бодови од сите четворица професори членови на меѓународното стручно жири.


Администратор
08/12/2019 01:17