Откако новинарот Фуркан Салиу отиде да провери дали навистина улицата во населба Волково на која живее баба Перса, а која лично му се пожали на премиерот Заев и Градоначалникот Наумоски дека со години не и е асфалтирана и дека нема канализиција, видео испрати (за жал видеото не е испратено до сите медиуми иако во истото градоначалникот побара порталите да го објават) и градоначалникот на Ѓорче Петров кој на лице место покажа дека само, според него, на простор од 6 метри има поставено гребен асфалт.
Салиу, по ова видео на градоначалникот, се врати во Волково повторно на разговор со баба Перса, за да потврди дали верзијата на Наумоски е вистината, а баба Перса истакна дека гребениот асфалт го платила сама.