- Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече треволтирана жителка на Општината Ѓорче Петров, по денешната посета на премиерот Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров Наумовски во Волково.

Градоначалникот Наумовски и премиерот Заев се потрудија да објаснат до каде се работите во однос на барањата и потребите на граѓаните, притоа напоменувајќи дека се сомневаат дека се работи за конструиран случај.

Дали навистина е така како што зборуваше баба Перса од Ѓорче Петров се потруди да дознае новинарот Фуркан Салиу, кој заедно со бабата отиде на улицата каде што живее.

Според тоа што може да се забележи од видеото, улицата не е асфалтирана а нема ниту ни канализација.