Денеска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, заедно со Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Димовски остварија средба со претседателот на Асоцијацијата на проект менаџери, Александар Наумовски.

На средбата беше дискутирано за барања кои ги има оваа асоцијација, а се со цел поуспешно да функционира и да придонесе за доброто на сите граѓани во Република Македонија.

Едно од барањата се однесува во однос на самата администрација. Од асоцијацијата сметаат дека треба да се најде модел за навремена, квалитетна и поефикасна реализација на капиталните инвестиции. Од асоцијацијата побараа да се најде начин за олеснување на административните процедури.

На средбата беше истакнато дека во наредните 4 години треба да се обрне посебно внимание на обновливите извори на енергија.

Исто така беше посочено да се обрне внимание и на здравствениот туризам, односно специфичните здравствени услуги како пример пластична хирургија или стоматолошки услуги кои може да привлечат дополнителен број на посети.

Беше дискутирано и во насока на развој на гастрономскиот туризам, но и потребата да се најде модел за субвенционирање во занаетчиството, бидејќи во моментот државата се соочува со недостаток на занаетчии кои се иселуваат под притисок на сиромаштијата.

ВМРО-ДМНЕ секогаш е тука да ги слушне барањата на граѓаните кои се насочени кон подобар живот во државата. Како партија која се залага за народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага овие барања бидат реализирани и спроведени во секојдневието. Сето ова ќе се случи по 12 Април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.


Администратор
02/12/2019 19:53