СДСМ се бори правдата да биде задоволена, граѓаните очекуваат правда, само за Христијан Мицкоски правдата е нејасна или е грешка. Се е јасно, нелегалната аболиција на Иванов мора да се затвори и да се обезбеди одговорност пред законите за сите што ги прекршиле.

Во името на заштитата на правдата СДСМ ги повика сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ за да се затвори нелегалната аболиција. Потоа може да се дискутира и за други предлози.

Последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата.


Администратор
02/12/2019 19:53