Ракометарите на Еурофарм Работник се подготвени за натпреварот со тимот на ППД Загреб кој утре ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Битолските „фармацевти“ со респект ќе го пречекаат хрватскиот шампион кој иако е фаворит на средбата, сепак со поддршка на публиката може да се победи, порачаа на прес конференција во Битола тренерот Божидар Мојсов и голманот Градимир Чаневски.

– Ќе се сретнеме со млада и мотивирана екипа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, но верувам дека нашите ракометари се подготвени за уште еден одличен настап и победа над ППД Загреб и Веселин Вујовиќ, изјави тренерот Мојсов.

Според Градимир Чаневски, чувар на мрежата на Еурофарм Работник, битолчани годинешните меѓународни настапи во Битола ќе ги завршат со победа за радост на спортската публика.


Администратор
02/12/2019 15:40