Ново ветување дека манастирот „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново ќе се реставрира. Но едно исто такво беше дадено во 2016 година, ама за жал, манастирот е оставен на забор на времето. Сликата на манастирот кога и да решите да го посетите е иста: запуштен е, околу него има скелиња , поставени на почетокот на т.н. реставрација, ама толку. Домакинот Митко Ристевски од Курбиново чија фамилија четири децении се грижи за ова светилиште, е разочаран поради инертноста на институциите кои го препуштиле манстирот на забот на времето.

-Останавме само ние да се грижиме за овој историски споменик, бидејќи најверојатно почнаа црквата и државата да креваат раце од овој манстир, што за жал, е еден од најскапите и најзначајните културни споменици, не само во Македонија, туку пошироко во Европа и светот. Меѓутоа, за жал, тоа е тоа и времето на транзицијата многу треа, а овој манстир е оставен на милост и немилост веќе седум години, стиснат меѓу 120 столбови од внатре и од надвор, да опстојува. Нека простат сите, меѓутоа манстирот опстојувал пшовеќе од 800 години, ќе опстојува и понатаму. Сепак, честа на луѓето кои треба да се грижат за него е на многу ниско ниво , раскажува Ристовски, за ТВ Алфа.

Националната установа Завод и музеј –Битола која е надлежна за реставрацијата, објаснува дека сега се средувала техничката документација за заштита и конзрваторско- реставртаорски работи.

-Процесот на изработна на проектната документација и проектот за конзервација во оваа фаза се однесува на ерхитектурата воопшто не е запрен и се работи интензивно , особено оваа 2019 година. Можам да кажам дека наскоро ќе бид еепилогот. Значи , проектот е во завршна фаза и до крајот на годината или почетокот на наредната година, ќе се завршат сите административни процедури и нареднат година да се почне со работа на терен, Мери Ѓоргиевска, директор на Завод и музеј- Битола.

“Свети Ѓорги “ е вгнезден во утробите на Баба планина на 1. 100 метри надморска висина. Последниве пет децени, откако започна неговата вистинска валоризација со значењето и вонвременската уметност на фраскоживописот изработен на крајот од 12. век, се нарекува светски бисер на средновековната византиска уметност и наше неизмерно културно богатство.