ВМРО-ДПМНЕ активно работи и лобира Македонија да оди напред и се надевам дека после промената на власта во април следната година ќе можеме 2020 година Македонија да оди на брза трака на реформи и да не ја изгуби оваа година, ова денеска во вестите на Сител го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Во однос на активностите утре и во четврток сме на конгрес на европската народна партија каде што ќе се избира нов претседател на европската народна партија кандидат е господинот Доналд Туск досегашниот претседател на ЕУ и можам ексклузивно да кажам дека утре ќе имаме билатерална средба со него и раководството на ВМРО-ДПМНЕ на која што ќе зборуваме за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и европската народна партија, вели Николоски.

Тој открива дека веќе се закажани и неколку средби и дека Мицкоски ќе се сретне со неколкумина премиери и десетина претседатели на политички партии каде што ќе ги разменат нивните ставови.

-Во четврток ќе заминеме и на конгрес на ЦДУ нашата сестринска партија од Германија каде што се предвидени неколку средби со највисокото нивно членство, додава Николоски.


Администратор
19/11/2019 17:43