Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека пензионерите се изманипулирани од власта од причина што Владата на почетокот на оваа календарска година ја промени методологијата за пресметка на зголемувањето на пензиите и на тој начин на пензионерите им скрати 400 денари покачување, односно наместо 1.100 денари повисоки пензии, пензионерите ќе добијат само 700 денари.

- Најавеното покачувања од страна на Владата е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев, чија демонтажа во продолжение ќе покаже дека всушност Владата ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои треба и им следува.

Ние како држава имаме пензии кои не го следат растот на трошоците за живот, и слично како и најавеното покачување на платите на наставниците, учителите, и професорите, вработените во образованието, сега отворено се манипулира и со покачувањето на пензиите на пензионерите. Се манипулира бидејќи тоа всушност и не е покачување, туку намалување.

Пензиите не растат со истиот тренд како во периодот од 2010-тата до 2017-та година, а тој процент е намален зошто оваа влада го смени начинот на усогласување на пензиите.

Суштината е дека пензионерите наместо целосно зголемување на пензиите од 1.100 денари кои им следува согласно методологијата која оваа влада ја промени на почетокот од оваа календарска година, започнувајќи со пресметката од 01.01.2019 која им следува согласно методологијата која оваа Влада ја промени, ќе добијат само 700 денари. Со што Владата и Заев ќе им скрати од пензиите речиси 400 денари, средства кои ќе ги одземе од над 300 илјади пензионери, истакна Мицкоски