Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево, јави дописникот на МИА од Белград.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизијските станици во Србија.

Тоше Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.


Администратор
19/11/2019 16:09