НАСА се здружи со пет комерцијални вселенски компании кои имаат дизајнирано роботски слетувачи коишто би можеле да пренесат поголем товар и луѓе на Месечината. Програмата има за цел – слетување на човечки екипаж на површината на нашиот природен сателит до 2024 година.

Компаниите со свои потписи на партнерскиот договор се Спејс-Икс, Блу ориџин, Сиера Невада корпорејшн, Серес роботикс и Тyвак нано-сателајт системс инк. кои и порано работеле на заеднички проекти со НАСА.

Договорот не им гарантира на компаниите дека токму нивното вселенско летало ќе биде испратено на Месечината. тој само значи дека НАСА ќе ги земе во обѕир овие компании кога ќе има потреба од нивните услуги.

НАСА претходно годинава ги избра компаниите Астроботик, Интјуитив машинс и Орбит бијонд да испратат свои роботски слетувачи на Месечината на почетокот од 2020-тите, при што секој вселенски брод ќе носи различен товар. Орбит бијонд потоа се откажа со образложение дека нема да биде во можност да ги исполни очекувањата до крајот на 2020 година.

Изборот на НАСА на компании коишто би изградиле летало за превоз на луѓето на Месечината. Конкурсот бил отворен до 1 ноември, а одлуката се очекува наредниве неколку месеци.


Администратор
19/11/2019 13:48