На регионалниот пат Прилеп – Крушево вчера во 16:40 часот патничко моторно возило „Фолксваген Венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (71) од прилепското село Славеј, удрило во велосипед управуван од неговиот соселанец А.Р. (71).

Како што соопшти полицијата, во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица од Прилеп.


Администратор
19/11/2019 11:55