Без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Петар Манџуков" од броевите 105А до 119Б, непарни броеви, во Општина Бутел.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селото Долно Количани, на главната улица кон Горно Количани, делот во потегот кон село Горно Количани, Општина Студеничани.

Без електрична енергија утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Радишани, улиците „19",„21",„62",„60",„50",„56",„58",„54",„17" и „15" во Општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје.


Администратор
18/11/2019 16:38