Хуманитарната и општествено одговорна организација Ротаракт Клуб Скопје, денеска ја започна еколошката акција под наслов „Ротаракт Шума", со садење на дрва во Општина Аеродром. Дрвата се засадени на локацијата позната како „парк Нинберг".

Станува збор за неколку видови на садници јасен, јавор и платон.

Акцијата се спроведе во соработка со Threebanks и Општина Аеродром. Ова е само почеток на акцијата, по што ќе следат повеќе слични акции низ целата земја, од страна на останатите Rотаракт клубови од Македонија.

Ова нема да биде единствена акција на Ротаракт Клуб Скопје, во градот. Во наредниот период ќе бидат засадени садници на други локации во општина Аеродорм.

Целта на акцијата е да се зголеми квантитетот на зеленило во градот, со цел почиста и поздрава животна средина за сите граѓани. Исто така, дрвата се одбрани внимателно односнo да одговараат на потребата за која што се садат. Во тој дел особено беше важна поддршката и соработката со Threebanks.


Администратор
16/11/2019 15:04