Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25 февруари 1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом „Карпош“ и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата „13 Ноември“ за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи утре на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.


Администратор
15/11/2019 16:32