Бранко Тричковски, продолжува понатаму со своите „двосмислени“ статуси но и контроверзни статуси на социјалните мрежи. Овој пат, веројатно инспипиран од сечењето на јапонските цреши во центарот на Скопје, на својот твитер профил преку статус направи компарација со сечење на глава на Владе Милчин.
Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин: Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни, напиша Тричковски на Твитер.
Инаку, досега, Тричковски неколку пати пишуваше грозни статуси кои беа исполнети со говор на омраза, најчесто насочени кон политичарите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.