–Повеќе од 35 илјади писма, сугестии, проблеми, насоки, стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ кои се резултат на оваа наша активност на терен, но и она кое стигнува во седиштето на партијата. Со тоа можам да кажам дека ги надмина очекувањата, кога всушност ја почнавме оваа наша акција, а тоа беше да добиеме што е можно повеќе сугестии, што е можно повеќе насоки, што е можно повеќе совети, да ги слушнеме проблемите на нашите сограѓани за да можеме во програмата која што ја подготвуваме за следните предвремени парламентарни избори да излеземе со решенија за истите тие проблеми.

Ова го изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Кавадарци, каде престојуваше караванот наречен „Разговори за обнова на Македонија“.

– За волја на вистината, кога започнавме кон крајот на септември, се уште не беше извесно дека ќе има предвремени парламентарни избори, иако ние како ВМРО-ДПМНЕ, како најголема политичка партија во Македонија, како опозиција во случајот, континуирано повторувавме, инсистиравме народот на непосредни предвремени парламентарни избори, час поскоро да одлучи дали навистина блескаме, или пак Македонија никогаш не била во полоша состојба како што велевме ние како најголема политичка партија и како опозиција во Македонија, нагласи Мицкоски меѓу другото.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци рече дека е убеден во мудроста на граѓаните.

- Јас сум убеден дека на 12 април 2020година, граѓаните на Македонија Обнова на Македонија, за достоинствена, модерна, европска држава која што ќе нуди шанса и можност за сите граѓани и ќе победи историски најголемата коалиција во независна Македонија, а тоа е коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата за Обнова на Македонија. И тоа не го зборуваат само анкетите, тоа почнаа да го зборуваат и перјаниците на СДСМ. Го слушнавте оној поразениот претседателски кандидат од изборите во 2013 година кој што вели дека се очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи со разлика од 3 проценти. Но, тука не е искрен бидејќи е од СДСМ и тие не можат да бидат искрени. Разликата е повеќе од 5 проценти, разликата е повеќе од 100.000 гласа и разликата ќе биде доволна за да не се случи желбата на Зоран Заев од постизборен инжинеринг. Идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обновува Македонија, додаде Мицкоски.