Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжи партиската акција „Разговори за обнова на Македонија“ во Кавадарци. Тој пред присутните граѓани истакна дека после 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, тие ќе работат за една поинаква Македонија во која ќе има достоинствен живот за сите граѓани.

- Додека коленичат и ја распродаваат секоја педа која што некој со живот ја платил, не им пречи да си ги договараат тендерите во четири очи во оној ресторан недалеку одовде во југоисточна Македонија да врват провизиите во зависност од зделката од 5 до 15%.

Таа Македонија ние не ја замислуваме таква.

Нашата Македонија е поинаква. Не замислуваме Македонија каде што ќе ги лажеме младите, дека ќе обезбедиме за нив младинска гаранција дека ќе обезбедиме веднаш работно место после дипломирањето, дека ќе обезбедиме реновирани студентски домови. Таа Македонија не е таа која што ја ние ја гледаме и ја сакаме. Тоа што ќе го кажеме, тоа и ќе го испорачаме.

Ќе ветиме и ќе испорачаме дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ за секој млад човек кој што ќе има месечно примање до 500 евра, до 29 години ќе биде ослободен од даноци. За секој млад човек кој што ќе има годишни примања не помали од 6.000 евра ќе биде ослободен од плаќање даноци и тоа ќе го испорачаме.

Сите студентски домови ќе ги реновираме затоа што знаењето нема цена, затоа што мора да продуцираме млади луѓе кои што утре ќе бидат авангарда, луѓе кои што ќе ја носат Македонија на своите плеќи, кои што ќе ја развиваат и ќе ја направат достоинствено место за живеење, модерна европска држава. Коишто нема да редат чевли пред владата и кои што ќе велат дека младите ја напуштиле, туку ќе ги враќаат тие кои што ги заборавија своите чевли таму да ги облечат. Таа е Македонија која што сакаме да ја видиме после 4 години влада на ВМРО-ДПМНЕ.