Екипата на Милан е подготвена да се раздели со тројца свои играчи преку зимскиот преоден рок, пренесува „Газета дело спорт“.

Според весникот, „росонерите“ имаат тенденција да ги продадат Фабио Борини, Френк Каси и Рикардо Родригез за да соберат 60 милиони евра.

Оваа сума ќе ги финансира новите пополнувања за тимот. Една од главните цели се верува дека е напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, кој може да пристигне во клубот како слободен агент.

Милан ќе му понудат на Швеѓанецот годишен надомест од 4 милиони евра.


Администратор
14/11/2019 20:24