Макронистите, поточно Републиката во движење (ЛРМ), на точно половина од петгодишниот мандат на нивниот претседател упатија пофалби за спроведувањето на реформите преку платформа за следење на ветувањата на Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА.

Макронистите го одбележаа половината од мандатот, сите повторувајќи ја истата бројка „85 отсто“. „Започнато е спроведувањето на 85 отсто од програмата“, гордо тврди ЛРМ, на платформата за набљудување на реформите што ги започна во јануари 2018 година и кои сега ги става во прв план на половина од мандатот. За половината од мандатот Емануел Макрон се најде во Марн за да го „провери“ спроведувањето на реформите, со изразот што му е драг: „ние тоа го кажавме, ние тоа го направиме”, е напишано со големи бели, зелени и сини букви на почетната страница на страницата.

До денес, составени се 772 ветувања. Тие доаѓаат од претседателската програма и тие беа формулирани за време на европската кампања или доаѓаат од најави што беа импровизирани како одговор на кризата на „жолтите елеци“. Според ЛРМ, терминот „ангажиран“ значи дека 85 отсто од програмата е завршена или е во тек.

На веб-страницата се појавува најпрво она што е „сработено“, истакнато со зелена боја: ова е случај, на пример, реформа на матурските испити или дополнителни 100 евра платени за минималната старосна пензија до 2020 година. Останатите ветувања се „во тек“ на спроведување, „ќе дојдат“ или како за грст технички ветувања, „изменети“ …

Програмерите на претседателската партија се погрижија да ја искористат оваа дигитална алатката, сега управувана од десетина макронисти од „центарот за -идеи“.

-Овој пристап е навистина дел од нашата ДНК. Ова е, во контекст на силната побарувачка за реформи во земјата, за да се овозможи пошироката јавност и нашите членови да го следат нивниот напредок. И да ги мобилизира милитантите, во редовите на партијата “, објаснува Гаранс Пино, шеф на оваа работна група.

На платформата има преглед град по град („Што се сменило близу вас“), стилизирана Маријана, под Фигијанска капа, го покажува прстот кон корисникот. „Знгажирајте се за вашата општина“, вели таа до копчето „Јас сум кандидат“, четири месеци пред општинските избори.

Иако на прв поглед се чини сеопфатна, платформата останува нецелосна. На пример, не се споменати „напуштените“ветувањата. Зголемувањето на данокот на јаглерод – мерката која ја предизвика кризата на „жолтите елеци“, од што Емануел Макрон конечно се откажа – но таа е претставена како исполнето ветување.

-Оваа мерка беше спроведена и потоа беше суспендирана со мобилизацијата на„ жолтите елеци . Ние претпочитаме да се држиме до овој статус , вели Гаранс Пино.

Другите усни ветувања, како што е изборот на некои од пратениците на пропорционални избори, не се на веб-страницата затоа штотие не се во програмата на Макрон која има 32 страници.

Доколку оваа платформа за набљудување е нова за една партија на власт, таа сè уште потсетува на претходните иницијативи. Во 2013 година, социјалистите избраа да ги прослават, на свој начин, првите дванаесет месеци на претседателот Оланд. „Една година обврски, една година на промена“, рекоа тие, со видео поддршка. И сето со истиот тон како денес макронистите.


Администратор
14/11/2019 19:55