Во утринската емисија на Алфа ТВ, гостуваше Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која што посочи дека СДСМ полека но сигурно ја создава својата гласачка машинерија во јавната и државната администрација.

Ова и претходно го направија и за референдумот. Тие иако велат, нели гласно кажуваат посебно министерот Дамјан Манчевски дека тие не прават поткуп, дека тоа е се во нашите глави. Но премиерот Зоран Заев ако паметите пред референдумот јавно ги повика сите приватни фирми да ги покачат платите на вработените, на некој начин прави поткуп за истите тие да излезат за да гласаат на референдумот. Но тоа не им успеа. Нивниот начин на поткуп уште од тогаш започна бидејќи имаше случај тогаш во ЈП во Скопје ги тераа лицата да излезат да гласаат на референдум, но да бидат обележани, да ги носат униформите од таму каде што работат, за да бидат видливи, да ги пребројат дали навистина тие излегле на референдум. И ден после референдумот тие кои што не излегоа да гласаат беа суспендирани од работа, беа поведени дисциплински постапки, беа разместувани, појасни Стаменковска.

Стаменковска додаде дека истото тоа продолжува и сега се случува овие денови, на големо се случува и последниве неколку месеци и тоа се во пресрет на закажаните предвремени парламентарни избори. Дури има добиено податок дека денес едно лице од Кавадарци е прераспределено да работи во Прилеп, што не е дозволиво.