Род Стјуарт (74) во интервјуто за списанието „Реилвеј моделер“ (Railway Modeller) откри неверојатна детална макета на железнички град, на кој пејачот и неговите пријатели работеле во изминатите 26 години.

Изработката на макетата на железничкиот град почнала во 1993 година во поткровјето на домот на Стјуарт во Лос Анџелес. Макетата на железничкиот град е инспириран од изгледот на Филаделфија во 40-тите години од минатиот век.

– Се посветив конкретно на американската железница бидејќи таму живеев во периодот кога е направен нацртот. Тој секој пат беше таму кога ќе погледнев низ прозорецот. Што друго можев да купам ако не макети на американската железница, изјави Стјуарт.

Стјуарт наведе дека за макетата добил најголема инспирација од книгата за Џорџ Селиос – најпознатиот американски креатор на макети за железници.


Администратор
14/11/2019 15:00