Советот на Општина Кавадарци на денешната седница едногласно донесе одлука за поддршка на елаборатот за основање државно средно музичко училиште.

На седницата, меѓу другото, беше кажано дека е ова историски настан за Општината и пошироко.

Основното музичко училиште „Лазо Мицев-Рале” е формирано во ноември 1969 година и одбележува пет децении постоење. Досега, од него произлегле бројни стручни кадри.

Министерството за образование и наука треба да ја поддржи иницијативата за формирање средно музичко училиште.