Кошаркарите на Бостон селтикс го победија Вашингтон визардс со 140:133 за деветти триумф во низа. Најефикасен играч на средбата беше Бредли Бејл со 44 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Кај домаќините се истакнаа Вокер со 25 и татум со 23 поени.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток: Шарлот – Мемфис 117:119 Орландо – Филаделфија 112:97 Бостон – Вашингтон 140:133 Хјустон – ЛА клиперс 102:93 Минесота – Сан Антонио 129:114 ЛА лејкерс – Голден стејт 120:94 Портланд – Торонто 106:114.

Бостон е лидер во Источната конференција со девет победи и само еден пораз, на Запад води ЛА лејкерс со биланс 9-2.


Администратор
14/11/2019 11:47