Глувчовидниот елен кој се смета за редок, загрозен, па дури и за изумрен вид, деновиве е фотографиран во дивината на јужен Виетнам.

Последен пат ова специфично мало животно е забележано минатиот век, и тоа само еднаш во 1990 година.

Овој ендемски вид, чие латинско име е Tragulus versicolor, е научно опишано 1900 година врз основа на неколку примери забележани џунглата на околу 450 километри северо-источно од градот Хо Ши Мин, Виетнам. Името „глувчовиден елен“ го добил поради својот мал раст.

Стручните лица до претходно сметаа дека видот е сосем изумрено, а како главна причина се наведуваше неконтролираниот лов.

Подробности за новото откритие се објавени во списанието „Нејчр еколоџи енд еволушн“ (Nature Ecology & Evolution).


Администратор
13/11/2019 18:41