Протест поради енормно загадениот воздух на улицата пред зградата на општина Тетово, одржаа граѓани по повикот на општинскито комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово. Поради одржување на владина седница нив не им беше дозволено протестот да го одржа пред зградата на општината, туку стотита метри подалеку.

-Денешниот протест е поради енормната загаденост која ја имаме деновиве. Општината и централната власт кажуваат дека загаденоста е поради реконструкција на улицата. Но, тоа не е вистина. Загаденост во Тетово имаме во интервал од 21 часот до 23 часот. Ниту општината ниту централната власт не преземаат мерки и ние вршиме притисок тоа да го направат. Во Тетово поради последици на загаден воздух има 261 лце починато што е најмногу во Македонија. а мерки нема никакви. Владата да преземе мерки, ако не ќе го повикаме целото население во градот Тетово на протест, изјави Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

-Изненадени сме посебно зошто градоначалничката Теута Арифи како жена не обрна внимание на хигиената и општо за здравјето на луѓето што е многу важно. Овде нема политика, овде има живот за сите граѓани подеднакво дали е воздух или друго мора да се обрне внимание, изјави Светлана Карапетрова.

Пред зградата на општина Тетово изјави дадоа и претставници на партиите Алијанса за Албанците и Беса кои исто така побараа Владата на седницата да даде одговор на нерешените проблеми на граѓаните.


Администратор
13/11/2019 02:07