Јуниорската екипа на МЗТ Скопје Аеродром, од 28 ноември до 1 декември ќе игра на кошаркарскиот турнир во Задар, во групата Б од АБА лигата.

Младите „штркови“ ќе играат против Цедевита Олимпија, Црвена звезда, Приморска, Морнар, и домаќинот Задар. Другата полуфинална група ќе се игра во Белград, а учесници ќе бидат Цибона, Будуќност, Игокеа, Крка, Мега Бемакс и Партизан.

Точните термини и сатници на натпреварите дополнително ќе бидат објавени.

Македонскиот претставник ќе биде единствениот кој нема своја екипа во сениорската главна АБА лига, а ќе игра во јадранската јуниорска конкуренција.


Администратор
12/11/2019 18:50