Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, утревечер од 19 часот гостува кај „Хелиос санс“ во словенечкиот град Домжале во меч од втората АБА лига, а тренерите на двата тима, фаворитската улога му ја препуштија на противникот.

– Хелиос има одличен состав, играат добро во транзиција, и агресивни се во одбрана. Тие се фаворити, бидејќи играат дома, но за тоа кој ќе победи на овој натпревар, се прашуваме и ние. Се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и дека ќе дојдеме до целта, најавува тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Тренерот на „Хелиос“, Дејан Јакара, рече дека гледајќи ги игрите на МЗТ сезонава во АБА 2 лигата, македонскиот првак е фаворит на хартија, но ќе се обидат да го изненадат, и да останат непоразени на домашен терен.


Администратор
11/11/2019 21:05