Планетата Меркур денеска ќе се најде во линија меѓу Сонцето и Земјата – ретка појава наречена „транзит на Меркур“. Планетата како црна точка ќе мине преку сончевиот диск и тоа ќе може да се набљудува ако времето е ведро.

Последниот видлив „транзит на Меркур“ се случи 2016 година, а по денешниот, следниот е на 13 ноември 2032., а потоа – на 7 ноември 2039 година.

Ова се случува само 13 до 14 пати во 100 години. А, не се случува почесто поради „неправилната“ патека на самите планети – таа не е прав круг, туку има благи отстапувања, кои сепак, се константни и може да се пресметаат.

Овој редок феномен се набљудува само со специјален телескоп со филтри за сонце. Се препорачува да не се гледа со обичен телескоп или двоглед без соодветна фолија или филтер, или пак, со голо око, оти тоа може да доведе до оштетување на видот.


Администратор
11/11/2019 14:03