Со новиот ребаланс на буџетот на Општина центар за 110 проценти се зголемени средствата за лични асистенти на деца со потешкотии во развојот, со кратење од тековно-оперативните трошоци на Општината, зголемени се и средствата за доделување на стипендии на талентирани ученици од областа на спортот, науката и културата, а за еден милион денари е зголемена ставката за парична помош на лица од семејства со висок социјален ризик, односно наместо досегашните 2,5 милиони денари, сега изнесува 3.5 милиони, соопштија од Општина Центар.

На 36-тата седница на Советот на Општина Центар е усвоено и прифаќањето на донација од „Првиот скопски извиднички одред“ на 30 дрваја кои ќе бидат засадени на различни локации низ општината.

Од Општината наведоа дека советниците ги усвоиле и измените и дополнувањата на програмите за работа на секторите и одделенијата во Општината.


Администратор
08/11/2019 17:05