Жените велат дека се задоволни од секс за една ноќ, но едно ново истражување фрла сенка на тоа.

Истражувањето било направено за да открие колку жените се задоволни од секс без обврски и колку од нив се обиделе да се вклопат во трендот.

Темите кои беа објавени во два американски магазини, откриваат дека поголемиот дел од жените изјавуваат дека се задоволни што можат да имаат незадолжителен секс и што можат да уживаат во него.

Од друга страна многу од нив изјавиле дека мораат да пијат алкохол за потполно да се опуштат. Една од жените изјавила дека често има орален секс, бидејќи е побрз и бидејќи се отрезнува додека да дојде до неговиот стан и само сака што побрзо да излезе од таму.

Ова истражување опфатило околу 600 студентки и открило дека жените имаа двојно повеќе оргазми додека се во сериозна врска, отколку кога станува збор за секс за една вечер.

Некои девојки признале дека се појавиле на журки облечени како порно ѕвезди, а другите изјавиле дека се бакнуваат со другарките не за да се задоволат една со друга, туку да им бидат посекси на момчињата.

Сепак оваа студија дошла до заклучок дека последните години само третина од студентите имале повеќе од еден партнер. Тоа зборува дека сексот за една вечер не ги заменил сериозните врски, како што многумина мислат.


Администратор
04/11/2019 02:40