Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Алфа Телевизија истакна дека Македонија не добила датум за преговори не поради внатрешните состојби во Европската Унија туку поради лошиот имиџ кој земјата го има а е креиран ради криминалот и корупцијата на власта.
- Предупредував и пред преспанскиот договор и после него и пред референдумот и после него и пред промената на уставното име и после тоа дека ако нема реформи во земјата нема да има датум за преговори. Бев меѓу единствените кои го зборуваше тоа а власта ми реплицираше дека зборувам научна фантастика. Еве јавно да го поставиме прашањето, кој не би сакал една мала, демократски развиена земја во која функционира систем да не е дел од нивното друштво. Таков премиер е Словенија. Но за жал, поради имиџот на Македонија во ЕУ кој се темели на торби Луј Витон полни со милиони евра ние сме далеку од Европското семејство, истакна Николоски