Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фејсбук профил веднаш по прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев истакна дека конечно доаѓа крај на предавствата кои македонскиот народ ги живееше на чело со оваа Влада.
- Падна Заев! Паднаа предавствата! Одиме на избори за да ја обновиме Македонија! Со Господ напред, храбро и цврсто Македонија ќе победи!, напиша Николоски.